Загина маж во „југо“ по сообраќајка кај Радишани

by fokus

48-годишен маж од скопското село Кучевиште, загина вчера во сообраќајка околу 17.15 часот во близина на населбата Радишани.

Сообраќајката се случила пред клучка „Радишани“, во правец од село Стајковци, кога се судриле патничко возило „Рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ѓ. (55) од Скопје и патничко возило „Застава југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот З.Д.

З.Д. починал на самото место, а В.Ѓ. се добил со телесни повреди по што бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Од полицијата додаваат дека увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости