Референт во „Македонски шуми“ кривично ќе одговара за измама тешка 120 евра

by fokus

Против 53-годишниот М.Ј. од селото Саса, општина Македонска Каменица, референт во јавното претпријатие „Македонски шуми“, е поднесена кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување”, „злоупотреба на лични податоци“ и „посебни случаи на фалсификување исправа“.

М.Ј. се товари за измама тешка 120 евра, откако противправно си присвојувал отпад после сеча.

„Во периодот од 28.11.2016 до 31.12.2016 година М.Ј., како самостоен референт во Јавното претпријатие „Македонски шуми”- подружница Делчево, без знаење на Љ.Г. (58) и Љ.Д. (60), двајцата од Македонска Каменица, во нивно име поднел две барања за обезбедување на отпад собран после сеча за сопствени потреби од страна на физички лица. После тоа изготвил и две одобренија за собирање на отпад после сеча на вкупно 6,5 метри кубни дрвна маса, коишто подоцна ги продал на други лица и се стекнал со противправна имотна корист во износ од 7.387 денари. Исто така, во преиодот од 14.11.2016 до 31.12.2016 година, пријавениот, без знaење и овластување на тогашниот директор потпишал 43 одобренија за физички лица за собирање на отпад после сеча во државна шума“, велат од МВР.

Поврзани новости