Заев во своето обраќање пред Влада ги спомена сите досегашни претседатели на Македонија, освен Иванов

by fokus

Иднината повеќе не ни е судбина, ја презедовме во свои раце. Овие денови ја почнуваме следната етапа во изградбата на нашата држава според европски стандарди. Никој повеќе нема да не блокира од надвор, порача премиерот, Зоран Заев, откако денеска пред Владата беше подигнато знамето на НАТО.

На церемонијата пред Влада, во присуство на амбасадори, поранешни и сегашни функционери, меѓу кои беа и поранешни премиери, Заев рече дека веќе сме на заедничка маса со останатите 29 сојузници на НАТО.

Тој државата ја ословуваше како идна Република Северна Македонија и рече дека нејзината иднина е во добрите односи со соседите.

Во своето обраќање Заев ги спомена и им се заблагодари на сите претходни претседатели на државата, освен на актуелниот, Ѓорге Иванов.

-Благодарност до претседателот Борис Трајковски, кој заедно со своите соработници ги загубија животите во авионска несреќа токму во нивната служба да ја направат нашата земја безбедна. Претседателот Трајковски и неговите соработници не смееме да ги заборавиме, завршија една од најтешките работи кога решително ја приближија Реблика Македонија во НАТО и ги отворија ширум вратите на соработка. Во друга мировна мисија во хеликоптерска несреќа загинаа 11 војници на армијата, миротворци од мисијата АЛТЕА. Нивните животи се во темелите на овие историски моменти. Му должиме голема благодарност и на првиот претседател Киро Глигоров кој со својата цврста заложба за мир се определи за евроатланските интеграци како најзначајна опција. Голем беше влогот и на претседателот Црвенковски за што одавам признание – рече Заев.

Потоа тој им се заблагодари на Обединетите Нации и на посредникот во преговорите Метју Нимиц, кој, рече Заев, посредувал во преговарачкит процес и кога немало изгледи за прифатливо решение. Премиерот им се заблагодари на Собранието, на пратениците од овој но и од сите досегашни состави, на претходните Влади, експерти, невладини организации, медиуми и новинари.

Посебна благодарност испрати и до пратениците на грчкиот парламент, кои, рече, не потклекнале на притисоците.

-Газиме цврсто на земја, не чека сериозна работа во спроведување на реформите. За да бидеме успешни треба во наредните години дали 6,8 или 10, зависи од нас, со иста исторајност да се посветиме на членство во ЕУ. Да ги досредиме одосите во нашиот дом, нашето семејство, нашата татковина. Во тек се системски промени за тоа како функционираме како институции и општество. Нашиот правен систем мора да дели правда за секого. Нула толеранција за корупцијата. Во институциите нема место за оние кои ја изнерверуваат довербата за лични интереси, корумпираните ќе се соочат со одговорноста. Секој мора да ги следи правилата, без оглед колкава им е банкарската сметка – порача Заев.

Своето обраќање тој го заврши со зборовите: „Да живее европска Република Северна Македонија. Да живеат граѓаните. Да живее НАТО.“

Поврзани новости