Заев: Владата прави законски реформи, е сега треба да направиме реформи и во главите

by fokus

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на 1ТВ рече дека верува дека власта и опозицијата ќе успеат да се договорат за СЈО и Законот за Јавно обвинителство.

-Преговорите за СЈО се во тек. Постигнавме навидум невоможни работи, верувам дека можеме и ова. Реформите кои Владата треба да ги направи главно се законски. Е сега треба да направиме реформи и во нашите глави. Катица Јанева и нејзиниот тим беа искра надеж во најтешкото време и тие ја вратија довербата во правосудството. Принципиелно создадениот капицитет немаме право да се откажеме од него, рече Заев.

Поврзани новости