Заев: Убеден сум дека правниот систем нема да затаи за 27 април

by fokus

Една година по крвавиот четврток во Собранието, денеска премиерот Зоран Заев рече дека од тој настан, кој бил срамен за граѓаните и државата, треба да извлечеме поука за никогаш да не се повтори.

Прашан дали верува во правна разрешница за овој случај, тој додаде дека лицата кои се огрешиле пред закон, ќе бидат извадени пред системот на правдата, согласно доказите.

-Јавноста беше сведок на целиот настан и убеден сум дека правниот систем нема да затаи и дека ќе донесе правична и правилна одлука. Овој датум треба да го одбележиме поради помладите генерации со кои што ќе испратиме порака да не се повтори, одговори Заев на денешната прес-конференција во Влада.

Поврзани новости