Заев: Поканата на Ахмети за средба со лидерите на албанските партии е притисок врз мене и коалицијата „Можеме“!

by fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека поканата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, за средба со сите лидери на албанските партии во државата е „притисок врз него и врз коалицијата Можеме“.

„Го гледам ова како притисок врз мене, СДСМ и Коалицијата „Можеме“, за премиер по предлог на ДУИ“, изјави Заев за ТВ21.

Денеска претседателот на ДУИ, Ахмети, ги покани претседателите на албанските партии на средба на 13 август, денот на потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Според лидерот на социјалдемократите, прерано е да се каже дали ако се постигне договор меѓу албанските партии, тоа би влијаело врз формирање на мнозинството кое СДСМ го планира.

Поврзани новости