Заев: Ниту една домашна приватна веледрогерија ми нема понудено помош за обезбедување на вакцините!

by fokus

Сопственикот на Зегин, Благоја Механџиски, во интервју за “Трилинг” изјави дека државата не им дозволила на домашните фармации да ги искористат своите конекции за побрзо да се обезбедат вакцини против Ковид-19.

Токму затоа го прашавме премиерот Зоран Заев, дали ова е точно, односно дали приватните веледрогерии му понудиле некаква соработка околу обезбедувањето на вакцините?

Премиерот Заев ни изјави дека таква понуда до него не стигнала.

-Кај мене ниту една домашна приватна веледрогерија нема понудено помош за обезбедување на вакцините, изјави премиерот Заев за “Фокус”.

Механџиски пак претходно изјави:

-Државата не дозволи фирмите кои се бават со лекови да набават лекови. Бидејќи не се набавуваат лекови само директно преку фабриката, има и други веледрогерии има и други конекции. Ние чекаме, а не сакаме да ја игнорираме државната иницијатива, ја поддржуваме. Ние можевме и сега можеме да набавиме вакцини, дециден е Механџиски во дел од интервјуто за емисијата „Трлинг“.

Засега се уште нема прецизен датум кога ќе почне масовната вакцинација, а не се знае ниту кој вид на вакцини ќе стигнат први.

Валентина Вурмо

Поврзани новости