Мицкоски: Стана јасно дека нема договор со Фајзер, само провизии за кинеските вакцини

by Фокус

Разбиена е уште една владина лага, нема договор со компанијата Фајзер, но има провизии за кинеските вакцини, напиша лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, фејсбук.

„Тоа што сте неспособни сите знаеме, ама тоа што ги лажете граѓаните, луѓе животи губеа и губат, голем дел трауми ќе носат со себе цел живот, ви ветувам дека ќе има одговорност. Порано или подоцна. Подгответе се“, напиша Мицкоски.

Инаку, министерот за здравство Венко Филипче најави дека првата вакцина што ќе пристигне преку Ковакс мехнизмот ќе биде АстраЗенека, додека за Фајзер посочи дека потпишале договор но им било доставено дополнително барање.

Поврзани новости