Заев: Граѓаните видоа дека има работи за кои не се преговара

by Фокус

Премиерот на македонската влада, Зоран Заев, во вечерашната Топ Тема, изјави дека и тој како сите македонски граѓани ја чувствува горчината по ветото од Бугарија за почетокот на преговорите со Европската Унија.

-Видоа и граѓаните дека има работи за кои не само што не се преговара, туку и не се разговара и се надевам дека нашите пријатели од Бугарија, владата, претседателот, па дури и опозицијата, треба да знаат дека правото на самоидентитет, на определба, на свој мајчин јазик е наше сопствено, универзално право, загарантирано со меѓународни договори, со универзални човекови права – изјави Заев.

Според него, Бугарија е пријателска земја, но ветото не може да се смета за пријателски чин.

Поврзани новости