ВМРО-ДПМНЕ: Заев вечер сам си одговараше на прашања, а новинарот не му контрира

by Фокус

Откога Зоран Заев понуди и беше подготвен да разнебити се што е македонско со цел да остане на власт и повторно не доби датум за преговори за членство во ЕУ, видовме дека сега е во нов елемент на лажен патриот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ кон вечерашното интервју на Заев на Телма.

„Самото интервју кое наликуваше на своевиден танц со ѕвездите, каде што недостасуваше мелахонична музика која што ќе го надополни амбиентот, македонската јавност беше сведок како премиерот во заминување сам си одговара прашањата, а новинарот не му контрира на лагите без вистинските прашања кои што се дел од милјето кое што го живее и кое што го интересира обичниот граѓанин. Дури и во момент на невнимание не се обиде медиумот кој изврши цензура кон лидерот на опозиција на премиерот да постави прашање кое јавноста ја засега. Едноставно ако се земе ова интервју во Македонија за сто дена не се случило вето, не пропаднала банка каде кредити влечел братот на премиерот, нема рецесија, не поскапела струјата, не се загубиле над 2.000 животи од корона“, стои во реакцијата на ДПМНЕ.

Од партијата на Христијан Мицкоски додаваат дека Заев вечерва не одговори дали што му ветил на Бојко Борисов уште како опозиционер со цел да дојде и да ја задржи својата премиерска фотелја?

Поврзани новости