Заев: Господ ни е сведок, ајде да ги донесеме одлуките!

by fokus

Премиерот Зоран Заев на денешната комисиска расправа за уставните измени репицираше кон пратеникот на ВМРО-ПДМНЕ, Илија Димовски. Премиерот порача дека е време да се донесат одлуки и државата не треба да оди повторно назад.

„Господине Димовски, немојте назад. немојте повторно назад. Видовме што ни се случи во овие две и пол декади. Си ја губиме државата. Затоа треба да го слушаме разумот и срцето. И кај нас се легитимни сите ваши коментари. Со враќањето на целите се прават компромиси. Само преку компромиси, никако поинаку. Добиваме конечно држава, ја имавме, но имаше проблеми.

Ајде да ги донесеме одлуките. Сега е моментот. За што се бореа војводите? Имаме признанен иденитет. Дајте инклузивен процес. Ова е овој процес. Одлуката се смета за донесена ако има мнозинство и цензус. И ова е нашето време. Редот е заедно да ја донесеме одлуката. И ВМРО-ДПМНЕ и вашите коалициони партнери се за НАТО и ЕУ. Сведок е Мицкоси и Иванов. Секој преговарачки процес е информиран. Господ ни е сведок. Моја е одговорноста, но дајте да ја обезбедиме државата“, посочи Заев.

Поврзани новости