441
Засега непознати сторители во точно неутврден период изминатите десеттина дена со камења скршиле и оштетиле седум прозорски стакла на црквата „Свети Атанасиј“ што се наоѓа на тетовското Кале информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци, материјалната штета се проценува на околу 6 илјади денари.
Оштетувањето на прозорците било пријавено вчера околу 13 часот од страна на одговорниот на црквата Д.Н.(45) од Тетово.
Полицијата презема мерки и активности за откривање на сторителите.