Забрана за белоруски авиони во воздушниот простор на ЕУ

by fokus

ЕУ ги забрани белоруските превозници на нејзиниот воздушниот простор и аеродромите поради присилното слетување на летот на „Рајанер“ и апсењето на опозицискиот активист и новинар Раман Пратасевич.

Амбасадорите на ЕУ се согласија за време на состанокот во петокот да побараат од земјите-членки да им забранат на авионските превозници да слетуваат и полетуваат и да им забранат да прелетуваат на територијата на 27-те земји-членки од сабота.

Европската агенција за безбедност на воздухопловството (ЕАСА) исто така издаде директива со која ефективно се забранува летала на ЕУ да летаат над белорускиот воздушен простор или да слетуваат на нејзина територија.

Овој потег следи по осудата од страна на шефовите на држави и влади на ЕУ минатиот месец за пресретнувањето на летот Атина-Вилнус на 23 мај, на кој патници беа Пратасевич и неговата руска девојка Софија Сапега.

Постои зголемена загриженост за здравјето на Пратасевич по појавувањето на видео во кое тој покажуваше знаци на злоупотреба, додека очигледно признаваше злосторства против белоруската држава.

Поврзани новости