ААА: Јахоски магично победува на скоро секој тендер за нафта

by fokus

Пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, чиј син е сопственик на компанијата „Пуцко Петрол“, од јануари 2020 година преку тендери за набавка на нафта и гориво добил над 31 милион евра од различни институции од централната и од локалната власт, обелоденија албанските опозициски партии Алијанса за Албанците и Алтернатива (ААА).

„Од таа сума, над 2 милиони евра се само од општините управувани од функционери на ДУИ. На пример, само во општина Тетово, Пуцко Петрол добил над 22 милиони денари, додека во општина Чаир над 15 милиони денари“, истакнаа од АА и Алтернатива, прашувајќи која е „магијата“ што Јахоски ја корист за да победи на скоро секој тендер.

Поврзани новости