За смртта на родилката Кадиева, анестезиологот доби една година затвор

by Fokus

Велешкиот основен суд на анестезиологот Томчо Ванчев на повтореното судење му одреди затворска казна во траење од една година за смртта на родилката Маја Кадиева, за кривично дело Тешки дела против здравјето на луѓето, пренесе СДК.

И во повтореното судење, анестезиологот Томчо Ванчев е прогласен за виновен, а гинеколозите Венци Чалков и Дончо Москов се ослободени од вина. Судот на Ванчов му изрече и забрана за вршење на дејноста во траење од пет години, при што времето минато во затвор не се пресметува.

За смртта на родилката Кадиева цело време вината се бараше кај двајцата анестезиолози, за кои нејзиниот сопруг тврдеше дека биле во алкохолизирана состојба за време на породувањето.

 

Поврзани новости