Се откажуваат сите систематски прегледи

by Fokus

Повеќе заклучоци се донесени на денешниот состанок на Главниот координативен штаб за справување на ситуацијата со ширење на коронавирусот: Ова е прв состанок на Координативниот штаб во Владата по прогласувањето на вонредната состојба во земјава.

  • Министерствата за надворешни и за внатрешни работи треба да изработат посебен протокол за организирање и спроведување т.н. хуманитарни конвои од граничните премини во Северна Македонија.
  • Во однос проблемот со дозволите и протокот на граничните премини во Северна Македонија за македонските возачи на товарните моторни возила, координативна средба треба да одржат министрите за транспорт и врски и за внатрешни работи Горан Сугарески и Наќе Чулев.
  • Министерството за одбрана, МВР, Армијата, Агенцијата за национална безбедност и Бирото за јавна безбедност да направат план и модел за функционален систем на дејствување за време на вонредната состојба.
  • АНБ треба да ги провери сите лица од Северна Македонија кои во последните 14 дена го посетиле зимскиот рекреативен центар Банско во Бугарија. По добивање на листата од надлежните институции од Бугарија, таа да се сподели со Државниот санитарен и здравствен инспекторат за сите овие лица да добијат решение за самоизолација.
  • Министерот за образование и наука Арбр Адеми да подготви и во најкус можен рок да достави до владата план и начин на спроведување онлајн-настава за учениците во основните и средните училишта, со распоред на часови со можност да се искористат сите канали за комуникација, како и план, начин и распоред на одржување на испитните сесии на високо образовните установи.
  • Сите министерства, во соработка со Секретаријатот за законодавство, веднаш да подготват пакет на итни и неопходни мерки од своја надлежност, исклучиво во функција на справување со настанатата ситуација за која постои вонредна состојба, и истите правно да ги нормираат во уредби со законска сила и да ги достават во најкус можен рок до Владата.
  • На наредната седница, владата да заземе став, преку уредба со законска сила, да се уреди пролонгирање на сите материјални и процесни рокови од законите, или истите да се суспендираат.
  • Секретаријатот за европски прашања да достави писмо за намери до Кралството Норвешка, за искористување на средствата кои се ставени на располагање за справување со настанатата ситуација за која постои вонредна состојба на територијата на Северна Македонија.
  • Да се прифати донацијата од казино „Фламинго“, во количина од 2000 кг свежо овошје и 2000 јајца и преку Регионалниот кризен штаб за управување со кризи да се координира дотурот и дистрибуцијата на овие количини за населението во подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа.
  • Министерството за здравство да донесе соодветен правен акт со кој ќе се одложат сите сиcтeмaтcки здравствени прегледи кои работодавачите ги спроведуваат и организираат за работниците.
  • Управата за јавни приходи да ги стави на располагање сите капацитети на Државниот пазарен инспекторат, со цел подготовка на функционален план за вршење заеднички координирани теренски контроли.
  • Агенцијата за храна и ветеринарство веднаш да спроведе вонредни контроли во трговијата, особено на трговците со храна, на пазарите, во маркетите, големите трговски синџири – за тоа дали се почитуваат правилата за трговија и ракување со храна, особено во услови на криза и вонредна состојба.

Поврзани новости