555
Сепак, на виделина излезе трошокот кој бил направен за превоз на граѓаните кои пошумуваа. Па така, според податоците на сајтот на Бирото за јавни набавки, само за превоз на граѓаните кои пошумуваа надвор од Скопје, се потрошени приближно 55.000 евра, а за колку се возеа скопјани, сѐ уште не се соопштува.
Тендерот за превоз го добило Здружението на превозници во патниот сообраќај Исток, кое немало конкуренција, бидејќи тендерот е склучен во четири очи. Исклучената конкуренција се правда со одлука на Владата, според која Јавното сообраќајно претпријатие Скопје е задолжено за спроведување на акцијата „Ден на дрвото- засади ја својата иднина“.