(ВИДЕО) Првите ирански дронови стигнаа до Израел и беа соборени- сирени и експлозии во Ерусалим

by Fokus

Сирени се огласија во Ерусалим откако противвоздушната одбрана на Израел пресретна неколку дронови испукани од Иран.

Првите дронови стигнаа до Израел, а експлозии се регистрирани над Ерусалим откако беше активиран системот Железна купола.

Според израелски медиуми, уништени се дронови испукани од Иран.

Светските медиуми објавуваат снимки од небото над Ерусалим на кои се гледа пресретнувањето на иранските дронови.

CNN повикувајќи се на воени извори објави дека меѓу целите на нападот се Голанската висорамнина (источна област на граница со Сирија), воени аеродроми на исток и на југ од Израел, како и област каде има нуклеарен реактор за производство на струја.

Десетици дронови и проектили се уништени, а во одбраната учествува и воени системи на американската армија.

Нема информации за штети и за жртви, а според досегашните сознанија голем дел од дроновите се пресретнати и нема информација дека некој од иранските проектили стигнал до земјата и експлодирал врз целите во Израел.

 

Поврзани новости