Вучиќ: Србија нема никакви територијални претензии

by fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Мостар изјави дека е многу важно сите да го почитуваат територијалниот интегритет на Србија, бидејќи и Србија го почитува територијалниот интегритет на сите други.

– Ако ме прашате што размислува Србија за промена на границите на Балканот, ќе ви кажан дека веруваме оти е многу важно сите да го почитуваат територијалниот интегритет на Србија, бидејќи и Србија исто така го почитува територијалниот интегритет на сите други. Така беше, се надевам дека така и ќе остане, изјави Вучиќ во Мостар, каде престојува на Меѓународниот саем на стопанството.

Вучиќ со ваквиот став ја прокоментира изјавата на претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик за „прецртување на границите во регионот.

Поврзани новости