Половина милион евра за изградба на 14 базени низ државата

by fokus

Ќе се градат 14 пливачки базени за што се обезбедени средства во износ од 30.000.000 денари, или 487.804 евра, одлучи денеска Владата.

Базени ќе се градат во Штип, Чаир, Струмица, Велес, Неготино, Прилеп, Битола, Гостивар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Тетово и Кичево, а општините треба да предложат локација и да обезбедат одобрение за градба.

Информацијата за реализација на проектот, како што соопшти владината прес-служба, е усвоена на денешната седница.

– Дополнително, со заклучок на Владата на РСМ, Агенцијата за млади и спорт е задолжена во наредните три години да ги планира и вклучи средствата потребни за реализација на договорот во буџетското барање за 2020, 2021, и 2022 година, а на општинитe Штип, Чаир, Струмица, Велес, Неготино, Прилеп, Битола, Гостивар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Тетово и Кичево, им препорача да изберат и предложат локација, за која треба дa побараат и обезбедат Одобрение за градба, велат од владината прес- служба.

Поврзани новости