Вучиќ го нападна портпаролот на ЕУ: Како не ти е срам?

by Фокус

Европската унија ги повика сите партии на воздржаност пред локалните избори во четири општини на северот на Косово, додека водечката политичка партија на косовските Срби – Српска листа, повика на бојкот, што беше поддржан од српскиот претседател Александар Вучиќ.

Изборите беа распишани откако градоначалниците на општините на северот (Лепосавиќ, Зубин Поток, Сјеверна Митровица и Звечан), сите членови на СЛ, поднесоа оставки во ноември 2022 година како спротивставување на одлуката на косовската влада за пререгистрација на автомобили со таблички издадени во Србија до регистарски таблички Република Косово.

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, ја нарече одлуката на СЛ да не учествува на изборите „многу разочарувачка“. Вучиќ, пак, рекол дека Стано дека треба да се срами од оценките.

-Тие ни го убиваат народот, а вие велите дека сте разочарани што не учествуваме на изборите. Мислам на тој портпарол на ЕУ и го прашувам: зарем не ви е барем малку срам – рекол Вучиќ пред новинарите.

На 27 февруари во Брисел, Белград се согласи со предлогот на европскиот план за Косово, а потоа на 18 март во Охрид со анексот за имплементација на тој план, но тоа не ги прекина споровите меѓу двете страни за приоритетите и метод на имплементација.

Поврзани новости