Вучиќ до Курти: Не ни сонувајте дека ќе ги протерате Србите!

by Fokus

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека Србија ќе знае што да направи доколку косовскиот премиер Албин Курти се осмели да се обиде да ги протера Србите од Косово и Метохија.

„Окупацискиот лидер Албин Курти донесе одлука да го отвори мостот кој долго време беше брана за безбедноста на Србите за Албанците да не ја заземат Митровица. Нашиот народ со години се противеше и прашуваше зошто овој човек го прави ова. Единствено што сака е да ги избрка нашите луѓе и сака конфликти“, рече Вучиќ.

Тој нагласи дека ќе даде сè од себе за да го зачува мирот.

„Ќе дадеме сè од себе ниту една жена да не помисли да го испрати своето дете во војна“, додаде Вучиќ.

Неговата порака е:

„Не ни сонувајте дека ќе успеете во вашите намери да ги протерате или уништите Србите, во тој случај ќе знаеме што да направиме. Сè додека јас сум претседател и врховен командант, Србија нема да биде ниту во НАТО ниту во кој било воен сојуз“.

Поврзани новости