Возач на автомобил нападнал работник на ЈП„Комунална хигиена“

by Fokus

Нападнат работник во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 19.07.2023 во 20.30 часот во СВР Скопје, Ј.М.(48) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари, додека извршувал работни задачи во ЈП Комунална Хигиена, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице кое управувало со возило“, соопшти МВР.

Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости