Воз удри во автомобил, загинаа двајца тинејџери

by Fokus

Две млади лица загинаа, а уште едно е повредено во тешка сообраќајна несреќа што синоќа нешто пред полноќ се случила на железничкиот премин кај Врчин (18 километри од Белград) во Србија, кога воз удрил во патничко возило, соопштува Танјуг.

Како што е наведено, околу 23 часот и 30 минути на рамен премин без рампа во Врчин воз удрил во автомобил, при што на лице место починале 15-годишна девојка и 18-годишно момче, кои биле во возилото.

Уште едно 17-годишно девојче е пренесено на Универзитетската детска клиника во Тиршова.

Поврзани новости