Во пожар изгореа плевна и покриви на три куќи

by fokus 12:22
12:22

Во пожар кој настанал вчераутро во гостиварското село Форино целосно изгорела плевна и покривите на три околни објекти. Во пожарот нема повредени лица.

Според СВР Тетово, вчера околу 6:30 часот настанал пожар во плевна, сопственост на лицето М.А. од село Форино. Огнот, според сопственикот, избувнал на првиот спрат од плевната при што изгорела целосно дрвената кровна конструкција, еден кафез во кој имал гулаби, алати и градежни материјали.

- Advertisements -

Огнот набрзо ги зафатил соседните објекти при што целосно изгореле кровната дрвена конструкција од плевната, дел од првиот спрат, како и кровот од куќата сопственост на Н.Р. од село Форино. Во пожарот изгореле дел од првиот спрат и кровната конструкција на куќата сопственост на А.Р. од село Форино.

Увид на лице место е извршено при што се работи на откривање на причината за избувнување на пожарот.

Поврзани новости