Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 30 пациенти

by Fokus

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 30 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 452 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало вкупно 13 приеми и тројца во ковид – центарот на Клиниката за неврологија, четворица болни се хоспитализирани на Клиниката за дерматовенерологија, тројца пациенти на Клиниката за нефрологија и исто толку во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 10 нови приеми на пациенти, а седум болни биле примени на Инфективната клиника.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 33 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 38 пациенти со симптоми на коронавирусот, во ковид – центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, а на Клиниката за очни болести 17 пациенти. Во ковид – центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 27 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 107 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 150 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 28 пациенти, од кои 7 деца и 21 возрасен.

Поврзани новости