Во две сообраќајки вчера во Скопје тешко повредени двајца мотоциклисти

by Fokus

МВР информира дека вчера во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Индира Ганди“ и ул.„Вашингтонска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од А.У.(55) од Скопје и мотоцикл „априлија“, управуван од 17-годишник од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Исто така во главниот град, само неколку часа претходно, поточно во 16.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Александар Македонски“, ул.„Интернационални бригади“ и ул.„16 Македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(62) од с. Студеничани и мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од A.А.(25) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости