Во Белорусија воведена смртна казна за предавство

by fokus

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко го потпиша нацрт-законот со кој се воведува смртна казна за државните службеници и воениот персонал осудени за велепредавство.

Според законот, ќе има смртни казни за службеници и војници за кои се смета дека предизвикале ненадоместлива штета на националната безбедност на Белорусија.

Според властите, законските измени се со цел зајакнување на борбата на Белорусија против „злосторствата на екстремистичка (терористичка) и антидржавна ориентација“.

Поврзани новости