ВМРО-ДПМНЕ: Само со антизападните Груби и Ковачевски, Кинези може да вршат надзор на работата на Американци

by fokus

Шаонин Жу, потпретседател на бордот на директори на Ептиса, Чао Ванг финансиски шеф на Ептиса и Јиран Меи менаџер на Ептиса се раководниот кадар на спорната компанија за која владата иако велеше дека е криминална ја одбра за надзор на проект вреден скоро 2 милијарди евра, велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тие велеа дека компанијата е шпанска, а всушност самaта компанија кажува дека е од Кина. Дали овие Кинези личат на Шпанци кои ја раководат Ептиса која Груби и Ковачевски ја одбраа? Ова е единствен случај во светот каде кинеска компанија ќе контролира американски гигант, за какви криминални врски станува збор со владата на Груби и Ковачевски? Груби и Ковачевски се единствениот тандем во светот кој што избрале кинеска компанија да врши надзор на американска компанија. Толку од прозападната ориентација на Груби и Ковачевски. Поисточно од кинеска компанија и поисточен капитал не можеле да одберат, велат од опозициската партија.

Поврзани новости