Внатрешната контрола утврдила дека дел од полицајците не носат заштитна опрема

by fokus

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека досега Внатрешната контрола при МВР веќе утврдила дека има полицајци кои не носат заштитна опрема, иако имаат таква наредба.

-Како МВР први спроведовме тендер за набавка на заштитна опрема. На ниво на Министерство донесовме и посебна уредба за постапување за заштита од Ковид 19. Во наредбата на секој полицаец му се наложува дека тој мора да има заштитна маска и ракавици. Внатрешна контрола е излезена на терен, веќе имаме констатирано дека полицајци не носеле заштитна опрема и покрената е соодветна дисциплниска постапка, рече Чулев.

Поврзани новости