Скопјанец доведен во болница во Охрид повреден со остар предмет, тврди дека се самоповредил

by Fokus

Скопјанец со повреди од остар предмет вчера бил однесен во охридската болница, а на полицијата им тврдел дека сам се повредил.

„На 28.04.2024 година во 01.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека во Општата болница во Охрид со телесна повредa од остар предмет бил донесен С.Х.(33) од Скопје. Според негово кажување тој самиот се повредил“ – информираат од МВР.

Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Поврзани новости