Гаши: Албанската коалиција ВЛЕН е гаранција во идната Влада дека уставните измени ќе се усвојат

by Fokus

„Ние точно знаеме што правиме и што треба да направиме до 8 мај. Така, како што докажавме на 24 април, дека Албанците се за коалицијата ВЛЕН, тоа на 8 мај ќе се претвори во референдум, кој на коалицијата ВЛЕН ќе ѝ донесе албанска плебисцитарна победа“.

Ова денеска го изјави Африм Гаши, лидерот на Алтернатива, партијата која е дел од здружената албанска опозиција.

Како победници на овој блок, ние сме и единствени и легитимни претставници на Албанците на овие избори, додаде Гаши.

– Следствено, ова нè обврзува да ги претставуваме Албанците и во идната Влада, каде што, меѓу другото, ќе раководиме со важни институции од секторот за внатрешни работи, кои се одговорни за санкционирање на криминалот и корупцијата, за да се бориме силно и директно против повеќеслојниот и долгогодишниот криминал и корупција – рече тој.

Според Гаши, албанската коалиција ВЛЕН е гаранција во идната Влада дека уставните измени ќе се усвојат и за ова ќе имаат посебна рамка за мерките и роковите за спроведување на оваа обврска.

– Секако, нашето инсистирање е тие да се усвојат што е можно побрзо и преговорите за пристапување во ЕУ да започнат што поскоро. Освен ова, ние сме доследни на нашиот став дека треба да се отвори широка дебата со цел при усвојување на идните уставни измени, да се донесе и одредба според која претседателот на државата ќе се избира во републичкото собрание, со што е можно поширок политички консензус, но и со поголема етничка кохезија преку двојното мнозинство, рече Гаши во Скопје.

Поврзани новости