Спасовски смета дека Заев заслужува нова шанса како лидер на СДСМ

by Фокус

Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, вели дека во владејачката партија постои единство. Како што рече тој на ТВ 21, тој не размислува да биде кандидат за партиски лидер на претстојниот конгрес, на кој ќе гласа целото членство.

-Не размислувам на таа тема. Сметам дека на еден лидер на партија кој донесе многу важни одлуки во корист на државата, многу храбри одлуки, кој успеа во изминатите години да го сруши режимот, заслужува да му се даде нова шанса – изјави Спасовски.

Според него, блокадата на Бугарија на почетокот на пристапните преговори на земјава со ЕУ претставува геостратешка грешка.

Поврзани новости