ВМРО-ДПМНЕ со контраобвинувања: Каевски одработува за станот

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ го обвинува пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски одработува за стан што го купил и за депозит што го има во банка откако тој, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако пратеникот на СДСМ презентираше документи како доказ дека фирма на кандидатката за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, направила долг за струја од 54 илјади евра.

-Дали Каевски мора да ги одработува станот и четирите милиони денари, со ширење на лаги и клевети за ВМРО-ДПМНЕ и за Данела. Каевски треба да каже, а и ДКСК да отвори случај, како тој со само триесетина години се стекнал со стан во Скопје, за кој тврди дека чини 60 000 евра и со четири милиони денари депозит во банка. Тоа се над 125.000 евра за еден млад триесетгодишник. Каевски само пет години е функционер со плата од 1 000 евра. Ако се претпостави дека целата ја одвојувал на страна, без да јаде или троши денар од неа, доаѓаме до сума од 60 000 евра, но од каде му се другите 65.000 евра, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости