ВМРО-ДПМНЕ поднесе индиции за криминал до Обвинителството за аферата „Шпанско село 2“

by fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе индиции за наводен сторен криминал и можна корупција во врска со скандалот „Шпанско село 2“, што според нив бил во режија на министерот за здравство Венко Филипче.

-Ги поднесовме индициите и очекуваме институциите сами овој пат да поработат експедитивно, како што експедитивно поднесуваат обвиненија и носат пресуди кога станува збор за оние што имаат критика кон власта, кон октоподот, кон Зоран Заев, па да видиме со каква експедитивност ќе поработат Вилма Русковска, Љубомир Јовевски и другите обвинители туку во Републичкото и основното јавно обвинителство, како и обвинителството за организиран криминал и корупција. Сметаме дека постојат сериозни индиции кои што одат до откривање на сериозен криминал и корупција, на кршење на законот за јавни набавки и сметаме дека со ова ќе се покаже дали Венко Филипче ќе остане незаменлив за октоподот на власт предводен од Зоран Заев или пак хибридниот режим ќе упати порака „многу си ги одбрал друже“. Очекуваме реакција од страна на јавното бвинителство, изјави партискиот порпарол, Наум Стоилковски.

Тие бараат Обвинителството да испита како Филипче со државна плата купил имот од 15.500 м2 на Водно. Министерот ФИлипче неколку пати ги дематираше нивните информации и најави тужба за ова.

Поврзани новости