СДСМ досега анализирал 750 кандидатури за пратеници

by Фокус

Завршува внатрепартиската процедура за избор на кандидати за пратеници на коалицијата предводена од СДСМ, која ќе биде најголемата коалиција која досега настапила на едни парламентарни избори, информира партискиот генерален серкетар Љупчо Николовски. Тој посочи дека конечните листи официјално ќе бидат познати на 9 март, кога треба да се оддржи партискиот конгрес.

-Досега евалуирани се над 750 кандидати кои поднеле кандидатура за пратеници на СДСМ, без оглед дали се од редовите на партијата или се интелектулци од надвор. Целата постапка ќе заврши вечерта на 9 март на Конгресот на СДСМ. Дотогаш, ќе ги анализираме сите документи и ќе ги евалуираме со бодови. Пратеничките листи ќе бидат слика на целокупното општество. Паралелно, ги завршуваме разговорите со коалициските партнери. Ова ќе биде најголемата коалиција досега – рече сдсмовскиот генерален секретар.

Поврзани новости