ВМРО-ДПМНЕ не дојде на координација кај Џафери

by Fokus

Собранието од денеска и официјално почна со работа.  Јован Митрески, координатор на пратениците од СДСМ информираше дека од ВМРО-ДПМНЕ не дошле на координацијата со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ одби да присуства на денешната координација кај претседателот на Собранието. Се надевам дека ќе се промени овој однос.Не сакам да верувам дека во ВМРО-ДПМНЕ не ја научиле лекцијата, ниту дека не ја примиле пораката од граѓаните.Повикувам опозицијата да ги научи лекциите од минатото и наместо блокади и деструкции да делуваат конструктивно и одговорно“, вели Митрески.

Поврзани новости