ВМРО-ДПМНЕ: Нашето рекламирање е транпарентно и законски

by fokus

Рекламирањето на ВМРО-ДПМНЕ е транспарентно и законски, тврдат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако беше објавено дека Обвинителството проверува три фирми на чии новоотворени портали се рекалмирале партиите. Тие бараат обвинителството да го истражи рекламирањето на СДСМ.

– Очигледна е паниката кај власта по реките народ кој што се излеаја вчера од незадоволство и против владеењето и трговијата со се што е свето за граѓаните од страна на оваа власт , па денеска политичкото обвинителство во ликот и делот на Вилма Русковска организира напад врз медиуми, што го продаваат како некаква борба и справување со корупцијата. Да потсетам во текот на кампањата излезе анализа од експерти низ медиумите дека СДСМ дневно троши на социјалните мрежи за рекламирање околу 27 илјади евра на ден што пак во текот на кампањата достигнува цифра од над половина милион евра за реклами само за на социјалните мрежи. Во извештајот на СДСМ ги нема реално потрошените десетици илјади евра дневно, за еден ден рекламирање на социјални медиуми, СДСМ не ги пријавува а СДСМ прикажува само 17 илјади евра потрошени за таа намена за цела кампања и нема истрага Русковска не реагира, изјави портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Поврзани новости