ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се соочува со економски колапс, на бизнисот итно му е потребна помош, а не несериозни мерки

by Fokus

Македонија се соочува со сериозна закана по здравјето на граѓаните, но и со економски колапс кој ќе биде со катастрофални последици по нашата држава, на бизнисот итно му е потребна инјекција, свежи пари и помош, а не несериозни мерки, реагираат од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

-Кога станува збор за здравјето на граѓаните не смее да има никакви калкулации, политикантство или делување само заради задоволување на суета.Македонија се соочува со сериозна закана по здравјето на граѓаните, но и со економски колапс кој ќе биде со катастрофални последици по нашата држава. Состојбата е лоша, а тоа го посочи и претседателот на државата кој самиот призна дека системот не може да издржи и дека ќе колабира. На бизнисот итно му е потребна инјекција, свежи пари и помош. Од брзината на имплементација на мерките зависи дали ќе се спречи економска катастрофа. Лавината на отпуштања од работа веќе започна во неколку градови. ВМРО-ДПМНЕ предлага итно замрзнување на обврските на компаниите кон државата чија што работа е поврзана или е погодена со ситуацијата. Предлагаме и итно замрзнување на обврските за компаниите кон банките и заемодавателите, најмалку за месец март а доколку е потребно и кризата продолжи, и за месец април. Владата мора да ја преземе обврската и да ги сторнира и плати каматите по однос на кредитите на компаниите за месец март, а доколку продолжи кризата и за месец април. ВМРО-ДПМНЕ предлага државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите кои што се погодени во висина од 50% од вкупниот трошок за вработените, односно 50% од бруто плата. Мора да  се направи анализа на сето она што се случува во моментот, кои сектори и компании се погодени и на истите да им се исплати државна помош во форма на субвенции. Смешните мерки и 5 милиони евра наменети за стопанството не решаваат ништо, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие бараат и државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите кои што се погодени во висина од 50 проценти од вкупниот трошок за вработените.

Поврзани новости