ВМРО-ДПМНЕ гласањето за членови на ДИК го условува со техничка влада

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ останува на барањето за формирање на техничка Влада по модел на онаа од Пржинскиот договор како услов за гласовите на нејзините пратеници за избор на новите членови на ДИК. Ова денеска го соопшти лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, од Прилеп одговарајќи на вчерашните обвинувања на премиерот Заев. Тој порача дека прашањето на ДИК не може да се гледа издвоено туку во пакет со останатите закони кои беа договорени пред неколку месеци.

За референдумот Мицкоски изјави дека сите опции остануваат отворени се до моментот кога ќе се распише.

Рокот за формирање на новиот состав на ДИК истече на 29 јуни. Огласот за нов состав на ДИК заврши пред две недели, а се пријавија 41 кандидат. Рокот до кога треба Собранието да го избере новиот состав на ДИК е 17-ти јули. Новиот состав ќе има шестмесечен мандат и ќе биде задолжен само за референдумот кој е најавен за крајот на септември или почетокот на октомври годинава.

Поврзани новости