ВМРО-ДПМНЕ: 100 дена Шилегов е еднакво на 100 дена лаги и партизација

by fokus

100 дена Шилегов е еднакво на 100 дена лаги, неработење и партизација на адмнистрација и јавните претпријатија на град Скопје, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов по повод 100 дена од стапување на функцијата.

-Тоа се загубени сто дена. На Скопје му престојат години на тешка агонија и силен популизам. Во првите 100 дена Петре Шилегов не почна со реализација на ниту еден капитален проект за градот Скопје, изјави денеска Светлана Колариќ, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости