Градоначалникот Петров апелира за помош: Со парите од прославата на Свети Трифун во Демир Капија ќе се спасува осумгодишно дете!

by fokus

-Празникот Свети Трифун, кој традиционално се одбележува во Демир Капија на 14 – ти февруари, годинава ќе има хуманитарен карактер. Сите средства кои ќе бидат собрани од продажбата на вино, ракија и сирење, ќе бидат донирани за лекувањето на нашиот мал сограѓанин Илија Петков, кому му е потребна итна операција за спас на неговиот живот – вели Лазар Петров, градоначалник на Демир Капија, откако дознал дека осум годишниот Иле треба да се оперира од малигна неоплазма на рбетен мозок.

Операцијата изнесувала 15.000 евра, а Петров веќе се вклучил во акцијата за собирање на средствата.

-Малиот Илија Петков од Демир Капија има само 8 години, а треба да води тешка борба со болест која за жал се вгездила токму кај него. На Иле му е дијагностицирана малигна неоплазма на рбетен мозок, поради што е неопходна итна операција која чини 15.000 евра.

За жал не можеме да ја поделиме болката на Иле, но можеме да му овозможиме шанса за побрзо опоравување.

Секој денар е добредојден… За секој од нас ситница, но од сите заедно големо дело – апелира градоначалникот.

Тој додава дека и општината ќе одвои одредена сума, како помош на семејството, но сепак, бара и јавноста да му подаде рака на Иле.

Сите кои што се во можност, може да донираат на бројот за донации на ВИП -143461, или на жиро сметка 210501665882802, НЛБ Тутунска Банка, Ѓурѓица Петкова, со назнака – донација.

Вики Клинчарова

Поврзани новости