Владина делегација положи цвеќе на гробот на Делчев

by fokus

Во рамки на одбележување на 146 годишнината од раѓањето на националниот херој и револуционер, Гоце Делчев, владина делегација предводена од заменик претседателка на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменик министерот за култура, Владимир Лазовски и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски денеска оддадоа почит и положија свежо цвеќе на вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје.

-Граѓаните на Република Македонија денеска се сеќаваат на големиот македонски револуционер, Гоце Делчев, предводник во борбата и заложбите за слободна Република Македонија во која живеат и работат слободни граѓани – слободна земја интегрирана во напредниот цивилизиран свет во кој народите се натпреваруваат преку културни достигнувања и остварувања. Идеалите и заложбите на големиот визионер Гоце Делчев се наша заедничка обврска да продолжиме да ја градиме државата во правец на остварување на тој вековен сон за слободна, демократска и економски напредна земја, велат од Владата.

Од таму додаваат дека во духот на единство и сплотеност потребна е вклученост и искрен пристап во политичките предизвици пред кои е исправена земјата од сите општествени чинители и граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност.

Поврзани новости