Отец Пимен до грчките архиереи: Ќе стоите ли на портите на Рајот вака како што денеска стоите на Синтагма?

by fokus

Отец Пимен денеска им се обрати на грчките архиери кои се на антимакедоснките протести во Атина.

-И сега браќа архиереи од ГПЦ да ве прашам на денешен:
Ќе стоите ли и на портите на Рајот ако Господ Бог одлучи да нè прими во Царството Небесно, како денес што стоите на Синтагма и не нè сакате во ЕУ?
Ќе роптате ли против таткото како што во денешното евангелие негодуваше другиот брат на враќањето на својот блуден брат?
Сте читале дека ни желбата, ни одлуката е ни ваша, ни наша дури и за паѓањето на едно влакно од нашата глава.
Ајде иде Прочка, па белким и ум и покајание топтан!, напиша отец Пимен на Фејсбук.

Поврзани новости