Владимир Ефтимоски поднесе оставка од функцијата претседател на УО на Стопанска банка а.д. Битола

by Fokus

Владимир Ефтимоски поднесе оставка од функцијата претседател на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола.

На негово место за Претседател на Управиот одбор е назначена Александара Радевска.

– Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување:

Стопанска банка а.д. Битола известува дека на ден 8.11.2023 година, г-дин Владимир Ефтимоски поднесе оставка од функцијата член и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола.

Воедно, на седницата на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола одржана на ден 9.11.2023 година, за Претседател на Управниот одбор е назначена г-ѓа Александра Радевска – се наведува во одлуката објавена од Македонска берза.

Поврзани новости