Обид за кражба на изборен материјал во општина Чаир

by Fokus

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото.

Не е причинета штета на капијата ни на изборниот материјал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости