Владата одобри масовна вакцинација во спортски сали во 6 општини

by Фокус

Владата на денешната седница одобри формирање регионални центри за вакцинација во шест општини, по примерот со А1 Арената во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Од Владата велат дека ги задолжиле министерствата за здравство и за образование и наука во соработка со општините да ги подготват салите во Битола, Охрид, Штип, Кавадарци, Тетово и Куманово.

Според изјавите од здравствените власти, салата во Охрид е веќе подготвена, а како што викендов објави и градоначалникот на Штип, Сашко Николов, и тамошната сала е речиси опремена.

Поврзани новости