Вие морате да дојдете во Париз, и рекол Макрон на Тереза

by fokus

Ве поканувам, кога ќе дојдете да ми се јавите и да ми бидете почесна гостинка на вечера. Вие морате да дојдете во Париз, ми ја стисна раката и ми рече претседателот Макрон, изјави пред камерите на хрватските медиуми популарната пејачка на шансони, Тереза Кесовија.

Таа вчера се најде во центарот на вниманието на јавноста, откако беше една од гостите на свечениот ручек кој се случи во Загреб, за време на тамошната посета на францускиот претседател Емануел Макрон.

По завршувањето на дружбата со него, Кесовија беше опколена од новинарски екипи, кои се интересираа за деталите од средбата.

-Тоа беше прекрасна покана која со радост ја примив! Дали ќе отидам во Париз? Ништо не е невозможно! Се е во Божји раце. Претпоставувам дека нашиот премиер Андреј Пленковиќ кога ќе ја возвраќа посетата во Париз, ќе ме покани и мене да одам со нашата делегација- раскажа таа.

За време на ручекот, пред францускиот претседател ја отпеала ,,Ларина песна”, нумера која ја напишал француски композитор, а таа ја пеела прва на светот. Тереза во минатото долг период живеела и настапувала во Франција и има снимено голем број на песни на француски јазик.

Вики Клинчарова

Поврзани новости