Речиси 30.000 новозаразени во Чешка за еден ден

by Fokus

Во Чешка се регистрирани 27.717 нови случаи на зараза со коронавирус, што е најмногу досега за еден ден, соопшти тамошното министерство за здравство.

Податоците покажуваат дека епидемијата зема замав со 131.731 откриен случај во претходните седум дена, наспроти 73.200 во текот на октомври.

Денешната бројка е трет рекорд во претходните седум дена.

Во нов обид да се потисне една од највисоките стапки на зараза во светот, чешката влада нареди кафулињата и баровите да се затворат во 22 часот и ги забрани божиќните пазари.

Поврзани новости