Маричиќ пренел порака во ЕК, со еврокомесарот се согласиле што е потребно

by Fokus

За време на работната посета на Брисел ја пренесов порака дека понатамошното одложување на почетокот на преговорите со Европската унија ќе има негативно влијание не само врз Македонија, туку врз целиот регион, напиша утрово на Фејсбук министерот за правда Бојан Маричиќ.

– На состанокот со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј повторив дека сите реформи кои беа побарани од нас како држава за почеток на преговорите се спроведени, вклучително и оние во правосудството, истакнува Маричиќ.

Во Европската комисија, министерот за правда, одржал работен состанок и со еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс на кој, како што вели, му ги претставил реформите кои во моментот ги прави Владата во однос на владеењето на правото.

– Се сложивме дека е потребно темпото на реформи да се задржи, а отворањето на преговорите со ЕУ ќе биде само дополнителен катализатор на истите, напиша министерот Маричиќ.

Поврзани новости